TECHNO OIL SUPER GRES е маст со база на калциум, погодна за општа употреба, формулирана со квалитетни базни масла, калциум сапун и антикорозивни компоненти. Погодна за лежишта со средна и висока брзина на лизгање и ролери каде што температурата не е висока. Погодна за лежишта со средна и висока брзина, лежишта со ниска брзина на лизгање и за шасија каде што работната температура не надминува 70°C.
Информации за здравје, безбедност и животна средина:
Маслата не му штетат на човечкото здравје доколку се користат за наменетата цел и на правилен начин, со превземање на потребните мерки за чистење и безбедност. Не истурајте употребени масла во земја, вода, отпад или канализација. Вратете ги употребените масла на најблиската точка за собирање на отпадни масла во чиста, цврста и добро затворена амбалажа.